2win800x200

Битолчанка меѓу најпрофитабилните извршителки

Јуни 29, 2024

Анализата на порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк (пред неколку месеци побаравме официјални податоци од Комората на извршители, но не ги доставија), покажува дека најголем приход од над 360.000 евра за 2023 година има извршителката Катерина Кокина.

На прво место, пак, по добивка (нето-приход) пред оданочување е извршителката Николина Иванова од Битола, која лани ја збогатила касата со уште 200.000 евра, објавува https://pari.com.mk/

Извршителите за тоа што го работат наплатуваат врз основа на  одобрената Тарифа за награда и надоместок на другите трошоци. Од 2018 година, со законски измени, при извршувањето не им се наплатуваат надоместоци на примателите на социјална парична помош.

Анализата на „Пари“ во однос на најприходните извршители покажува дека првите 10 од вкупно 93 извршители направиле заеднички приход од над три милиони евра. На листата се веќе познати имиња кои ги видовме и според податоците за 2022 година, а со нив се сретнавме и порано.

тооо

Целиот текст на https://pari.com.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани