2win800x200

„Од градо за Чипуро“, по втор пат трибјут во чест на Кире Чипуровски-Чипуро

Јуни 30, 2024

 

„Од градо за Чипуро“, по втор пат во Битола ќе се одржи трибјут посветен на Кире Чипуровски-Чипуро кој беше дел од урбаниот живот и битолската музичка сцена разубавајќи ги вечерите во познатите битолски локали со неговата добро одбрана и подготвена музика. Настанот ќе се одржи понеделник на 1 јули на локација позната „Кај авионите“, на ридот во поранешната касарна во Битола од 19 часот.

-Многу незаборавни моменти, многу дружење, смеа, другарство, секогаш ведар и насмејан до последните денови. За жал многу млад ја изгуби битката со најподмолната болест на светот. На нас останува барем на кратко заедно сите да се потсетиме на неговите дела и да направиме едно заедничко дружење во негова чест“, велат организаторите C- PURE TRIBUTE, ОД ГРАДО ЗА ЧИПУРО. 

Настанот ќе има хуманитарна цел. 

-Идејата ни беше овој настан да прерасне во еден мал фестивал,  со хуманитарна природа. Оваа година на настанот ќе имаме поставена бина со светло над цела Битола каде ќе учествуваат скоро сите битолски диџеи и тоа ILE THE HAIR, ALEX NOVA, DEJAN DEX, T-ZOBE, JOSS, SASO SPECT, BOC.A, ACIKA, DJ CHIKO, BERRYQYAT, DANNY L, B-BOY, MATLE, CONTRUDJ, ZORAN ATANASOV и охридскиот рок бенд BACKDOOR BAND. На настанот ќе има пијалок и закуски и донација на дел од средствата во хуманитарни цели“, најавуваат организаторите, C- PURE TRIBUTE, ОД ГРАДО ЗА ЧИПУРО. 

чип

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани