2win800x200

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА НА БИТОЛСКО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ 2024“

Јули 17, 2024
Општина Битола, оваа година по 16-ти пат го организира Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“.
Предмет на јавниот повик – кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата:
- музичка и музичко – сценска уметност
- театар
- ликовна уметност
- видео, фото, филмска уметност
- литература
- фолклор
- нови уметности
- мултидисциплинарни проекти
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 1.000.000,00 денари, a aктивностите треба да бидат реализирани заклучно со 31.08.2024 год.
Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола.
Со цел, поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат манифестации и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма.
Организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од Програмата на „БИТ ФЕСТ 2024“.
Повикот трае од 17.07.2024 до 23.07.2024 до 15.30 часот.
Повеќе информации за јавниот повик и документацијата за аплицирање, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/bitfest-2024/.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани