2win800x200

Стопанска Банка а.д. Битола оствари добивка од 51,01 милион денари во првото полугодие на 2024 година

Јули 17, 2024

Во првата половина од 2024 година, фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2024 – 2026 година, приспособувајќи го своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

Финансиски перформанси на Банката

Стопанска Банка а.д. Битола оствари добивка од 51,01 милион денари во првото полугодие на 2024 година, што е значајно подобрување во однос на првото полугодие од 2023 година, кога работеше со загуба од 53,69 милиони денари. Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот висок оперативен резултат (од 75,92 милиони денари), засилената наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година, објави bankarstvo.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани