АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
54-годишен битолчанец настрада откако со „фиат“ излетал од пат.
Вчера во 17.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Тополчани патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Л.(54) од село Могила, битолско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола, соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.