2win800x200

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН! Битола со почит кон загинатите востаници, борци и дејци

Август 02, 2024
Одбележувањето на големиот македонски празник Илинден, утрово во Битола започна со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата кај Центарот за култура и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“. Почит кон загинатите востаници, борци и дејци оддадоа Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници од општинскиот Совет, Сојузот на борци, пратеничката во Собранието на Македонија, Олга Лозановска, заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, како и претставници на политичките партии.
Можно е да е слика од 1 лице, улица и текст
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, испрати честитка до сите граѓани, посакувајќи сите генерации кои доаѓаат, преку соработка, разбирање и толеранција, да продолжат да се залагаат за напредок на македонската држава, негувајќи го споменот и достојно почитувајќи ја заложбата на Илинденците од пред 121 година и значајниот придонес на АСНОМ од пред 80 години.
Можно е да е слика од 3 луѓе и костум
Можно е да е слика од 3 луѓе, пат и улица
Можно е да е слика од 13 луѓе, пат, улица и текст
Можно е да е слика од 6 луѓе, автомобил, пат и текст
Можно е да е слика од 4 луѓе, Храм, споменик и текст
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани