2win800x200

Балон на кој имало инсталирано направа и дувал оган летал низ шумите во демирхисарско?!

Август 17, 2024
фото пожар фото пожар

СВР Битола  соопштува– Полициска станица Демир Хисар било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во село Вирово, демирхисарско, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот.

„Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото“, се вели во полицискиот билтен.

Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани