2win800x200

Почина академик Глигор Каневче долгогодишен професор на Техничкиот факултет во Битола, истакнат стручњак од областа на енергетиката

Август 18, 2024

 

Почина академик Глигор Каневче, долгогодишен професор на Техничкиот факултет во Битола и поранешен декан,  истакнат стручњак од областа на енергетиката.  Погребот  ќе се одржи понеделник 19.08.2024 година во 12 часот, на градските гробишта во Охрид. 

 

Роден 1946 г. во Охрид, каде завршил гиманазија. Дипломирал на Машинскиот факултет во Белград (1969), а докторската дискретација ја одбранил на Техничкиот факултет во Нови Сад (1982 г.).

Се вработил во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча (1970 – 1983), како водечки истражувач. Потоа работи како асистент на Машинскиот факултет во Белград (1975 – 1980), a како професор на Техничкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (од 1983 г.).

Има престојувано и одржувано предавања во повеќе земји, каде остварува богата научна соработка.

Од 1990 – 1992 г. е раководител на постдипломските студии по Процесно инженерство, на Техничкиот факултет во Битола, каде бил декан (1995 – 1997 г.). Претседател е на Сенатот на Универзитетот (2003 – 2003 г.).

Тој е член на Македонската академија на науките и уметностите (од 2000 г.) и член на МНД во Битола од 1986 год.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани