АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претставници од Европската Унија, врвни онколози од Полска,Загреб,Љубљана,Виена, како и преставник од Министетството за здравство, ја посетија Клиничка Болница во Битола, како и Центарот за онколошки болни се со цел да се испита програмата за работа и терапијата кон пациентите.
„Гостите беа пречекани од нашиот менаџерски тим и од нашите специјалисти кои имаа излагање за работата секој од својата специјалност. Преставниците од Европската Унија ја согледаа нашата работа и го истакнаа позитивниот став за истата, но и ни дадоја упатства за работа како би можеле уште побрзо да ја подобриме работата со европските стандарди“, рече портпаролката на Клиничката болница, Сузана Конеска.