2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Комеморативен споменик ќе биде поставен на Француските воени гробишта во Битола

Септември 14, 2018

Нов комеморативен споменик на Француските воени гробишта во Битола ќе открие денеска амбасадорот на Франција во Р. Македонија во присуство на градоначалникот на Новаци и на претставници од општините во регионот, како и претставници на Националната асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт и голем број потомци на борци од Македонскиот фронт. Настанот е најавен за денеска во 17 часот, по повод 100 години од денот на победничката офанзива на 15 септември 1918 и пробивот на Македонскиот фронт, што на Запад доведе до побрзо потпишување на примирјето од 11 ноември истата година.

Националната асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт спроведе изработка на реплика на споменикот кој датира од 15 септември 1938 година, а кој денес веќе не постои. Неговата реставрација беше овозможена благодарение на статуата од Мон де Марсан, што ќе биде поставена на Француските воени гробишта во Битола (поранешен манастир) на 14 септември 2018. Овој проект е под знакот на делегацијата задолжена за стогодишнината од Првата светска војна. Тој е поддржан од повеќе донатори, јавни и општествени организации и поединци, вклучувајќи ги и членовите на ова здружение, што зборува за тоа колку се живи спомените од тоа време што ја одбележа целата европска историја. Министерството за култура на Македонија ги запиша овие комеморации во својата агенда на Европската година на културата. На тој начин се потсетуваме дека оваа страница од историјата на Македонија претставува дел од европската историја. Градот Битола во тој контекст е носител, како и Верден, на францускиот Воен крст, во знак на почит кон страдањата на локалното население.

Висок два метра споменикот ќе биде поставен на достапна локација со специјална дозвола од француското Министерство за вооружени сили на гробиштата во Битола, каде што почиваат паднати за Франција 6.134 идентификувани војници, а се наоѓаат уште и 128 неидентификувани гробови и костурница со остатоците на речиси 7.000 војници. Мала копија исто така ќе биде поставена на местото каде што некогаш постоел споменикот, над Добро Поле. По тој повод грутки земја земени од Верден, од ровот кај Шатанкур, ќе бидат донесени на ова место на сеќавањата при откривањето на споменикот. Следниот ден, в сабота, 15 септември, здружението за запознавање и патување „Оф роуд Македонија“ од Битола организира посета на локациите со теренски возила. Се работи за промоција на културно-историскиот туризам, со што се искажува почит кон минатото и кон локалното наследство и се воспоставуваат нови врски меѓу нашите две земји.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани