2win800x200

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТИВ НАУМОВ

Септември 12, 2024
Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Стеван Наумов Стив, лоциран кај Офицерскиот дом во Битола, беа одбележани 82 години од смртта на народниот херој Стив Наумов. Заедно со Мите Богоевски, овие народни херои ги положија своите животи за време на Втората светска војна.
Лидија
Во нивна чест, во име на Општина Битола, цвеќе положи советничката Лидија Павловска, а почит оддадоа и претставници на Сојузот на борци, членови на семејството на Стив Наумов, директорот и ученици од основното училиште кое го носи името на народниот херој, в.д директорот на НУ Завод и музеј и други граѓани.
Стеван Наумов - Стив е истакнат македонски комунист и револуционер. Роден е во Битола на 27 октомври 1920 г. и потекнува од печалбарско семејство. По завршување на Гимназија во Битола, во 1938 година заминува за Белград и студира Технички факултет. Во 1939 година станува член на КПЈ, а по враќањето во Битола 1940 година, бил избран за секретар на Месниот комитет во Битола.
Во април 1942 година, Стив учествува во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. На 6 мај истата година, извршил атентат на озогласениот бугарски полициски началник, Ќурчиев.
Стив Наумов загина на 22 - годишна возраст, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. Наумов со бомба сам си го одзел животот за да не падне во рацете на бугарските фашисти.
Бугарите не сакале да се знае неговото гробно место заради неговата големина и го погребале на непозната локација. Телото никогаш не е најдено.
По завршувањето на војната, на партизанските гробишта во Битола е подигнат гроб на Стив Наумов, кој и до денес е празен.
Стив Наумов е меѓу првите борци на Народноослободителната војска кој со Указ на АВНОЈ, на 29 јули 1945 година бил прогласен за народен херој.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани