2win800x200

Таравари: 18 приватни специјализанти во Битола ќе добијат решенија

Септември 13, 2024

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Битола посочи дека владата е фокусирана и на нови вработувања.

– Во разговор со директорката на битолската Клиничка болница дознав дека 18 доктори од Битола се приватни специјализанти и дека наскоро доколку се согласат и аплицирале во апликацијата што веќе е дадена од Министерство за здравство, ќе добијат решенија за работа. Тие истовремено ќе бидат обврзани да помагаат на Клиничка болница со едно, две или три дежурства неделно, за што ќе се договориме и со клиниките каде што тие специјализираат, нагласи Таравари и додаде дека во Битола но и цела држава во моментов актуелен е проблемот со средномедицинскиот кадар за што се бараат решенија до крајот на буџетската година дел од вработените да добијат решенија.

Директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Ненси Лозанче очекува со поддршка на владата да се подигне нивото на болницата, пренесе https://nezavisen.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани