АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола.
Предмет на јавниот повик e кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод „80 години од ослободувањето на Битола“.
- музичка и музичко – сценска уметност
- театар
- ликовна уметност
- видео, фото, филмска уметност
- литература
- фолклор
- традиционални настани
- спортски настани
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е бруто износ од 906.000 денари.
Активностите треба да бидат реализирани во период од 28.10. - 10.11.2024.
Повеќе информации за јавниот повик се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-4-noemvri/.