Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие Комуналец, со
поставување на лед светло, овозможија целосно осветлување на теренот на
помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, познато како Ќумурното
игралиште во Битола.
Ова игралиште го користат повеќе спортски клубови за тренинзи и спортски
натпревари, а со осветлувањето на теренот се овозможуваат спортски
активности и во вечерните часови.
Паралелно, Општина Битола заедно со Фудбалската федерација на Македонија
како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот “Петар
Милошевски”, работат на завршување на постапките за центрирање и
фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на
ноќни натпревари на стадионот во Битола, согласно пропишаните стандарди.
Реализацијата на овие проекти е во насока на исполнување на заложбите на
локалната самоуправа за инвестиции во подобрување на спортската
инфраструктура и создавање подобри услови за спортување во градот.