2win800x200

Во понеделник започнува реконструкцијата на ул.„Нико Фундали“ во Битола

Октомври 11, 2024
Општина Битола, во понеделник на 14.10.2024 година, започнува со работните активности за реализација на проектот за реконструкција на улицата „Нико Фундали“, поради што сообраќајот ќе се одвива согласно Проектот за времен режим на сообраќај.
Согласно проектната документација, трасата за изведба започнува од врската со улицата ''Север-Југ'' на исток до врската со улицата ''Тошо Даскало'' на запад, со вкупна должина од 340.70 метри.
Изведбените работи кои се дел од овој проект вклучуваат реконструкција на коловоз, водовод и мешовита канализациja на дел од улица „Нико Фундали“ во Битола.
Со проектната документација предвидена е целосна реконструкција на постоечката коловозна конструкција на улицата како и реконструкција на тротоарите.
Водоводната мрежа на улицата предвидува замена на азбест цементните и ПВЦ водоводни цевки со нови, полиетиленски, додека за канализационата мрежа предвидена е замена на постоечките со нови полиетиленски цевки со класа SN8 со ID 300мм.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани