АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола информира - На 11/12.10.2024 во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот во централното градско подрачје на Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 24.00 часот и точење и продавање на алкохол на малолетници. Контролата беше спроведена во три угостителски објекти и три казина, при што било констатирано точење алхохол на малолетници, а извршена е проверка на идентитет на 11 лица и преглед на пет лица. Притоа, во угостителски објект на градскиот плоштад во Ресен беа затекнати двајца малолетници под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.