АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Триесет и осумгодишен ресенчанец е тешко повреден откако со „мерцедес“ вчера излетал од патот Ресен-Битола.
„Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, на место викано „Макази“, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.С.(38) од Ресен излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.