2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ученички од Горната гимназија со професорката Наумовска беа наши претставници во Будимпешта на Форумот за жени и девојки во СТЕМ

Октомври 30, 2024
Три ученички од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Битола,  Ана Марија Вељковиќ, Матеа Ѓоревска и Ангела Талева под  менторство на професорката по бизнис и еконимски предмети, Фанија Наумовска, од 8-11 октомври учествуваа на Четвртиот форум за жени и девојки во СТЕМ кој се одржа во Будимпешта, Унгарија.
-На Форумот му претходеше учество на меѓународен ученички предизвик поставен од организацијата Girls go circular EU, каде тимот разви своја идеја за алатка за вештачката интелигенција, која ќе помогне во премостувањето на родовиот јаз во STEM. Притоа беа избрани за тим кој ја имаше најдобрата иновативна идеја од Македонија и беа поканети да учествуваат на Women and Girls in STEM Forum и да ја претстават нашата земја во Будимпешта.
Форумот за жени и девојки во СТЕМ е годишен водечки настан кој го слави успехот на иницијативата Girls Go Circular, во соработка со Европскиот институт за иновации и технологија (EIT) и Европската комисија (DG-EAC), соопштија од Горната гимназија.
форум
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани