2win800x200

Горната гимназија им забрани на учениците мобилни на часовите-се оставаат во кутија

Септември 18, 2023

Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола, им забрани на учениците да ги чуваат кај себе мобилните телефони додека се настава, па за таа намена набави кутии со прегради за телефонот на секое дете според редниот број во дневникот. 

-Има време и за мобилни телефони, но на училиште, најважен е часот и предавањето на наставникот. Со одлука на Наставнички совет, сите ученици и наставници задолжително ги оставаат своите мобилни телефони во кутиите со прегради кои ги набавивме специјално за таа намена. Секако дека за време на одморите можат да се користат. Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет. Со оваа одлука се надеваме и очекуваме да се подобри вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците но и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието, информираат од Горната гимназија.

Можно е да е слика од 2 луѓе, дигитален аудиоплеер, телефон и текст

Можно е да е слика од книга

Нема опис за фотографијата.

Можно е да е слика од книга и текст

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани