2win800x200

Стопанска банка Битола по загубата од два милиони има добивка од 700 илјади евра

Октомври 31, 2024

Голем исчекор на малата банка. Добивка од речиси 700 илјади евра оствари Стопанска банка Битола на крајот од третото тримесечје. Високо достигнување во споредба со ланскиот минус од близу два милиони евра.

Добивката од 42,69 милиони денари е заснована на „задржаниот висок оперативен резултат (од 100,28 милиони денари), засилената активност за наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година“, образложуваат од Стопанска банка Битола, објави pari.com.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани