2win800x200

Градоначалникот Коњановски со аир ги испрати Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски на Детска евровизија

Ноември 07, 2024
Денес градоначалникот Тони Коњановски ги прими во својот кабинет Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) ученици во ОУ „ Даме Груев “ од Битола, кои ќе ја претставуваат Македонија на „ Детска Евровизија 2024 “ со песната „ Маратон “, а со тоа изрази задоволство што овогодишните претставници се токму млади луѓе од нашиот град, кои ќе ја претставуваат Македонија и Битола. Им посака успех и желба за што поголем пласман на овој настан.
Ова ќе биди 22. издание на „Детска Евровизија„ кое ќе се одржи на 16 ноември во Мадрид, Шпанија. Нашите претставници Ана и Алексеј беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис и ќе ја изведат песната „Маратон “ со реден број 7, чиј автор на музика е познатиот македонски композитор и хитмејкер Лазар Цветковски, а текстот е на неговата сестра и постојана соработничка, Магдалена Цветковска. Изработен е и видеозапис во комплетна продукција на МРТ, кој е снимен на повеќе локации.
Општина Битола во рамките на можностите ги помага нашите учесници со финансиска поддршка, како и со организирање на настан заедно со нивното училиште, на 16 ноември на платото на Офицерски дом од 18 часот за следење во живо на „ Детска Евровизија 2024 “.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани