2win800x200

КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА!

Ноември 07, 2024
Денес во посета на општина Битола беше Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, директорот на АД за стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на републиката Марјан Стефановски, пратеникот Пеце Милевски, и советниците во Советот на Општина Битола го означија отпочнувањето на изградба на новата комерцијална зграда во АРМ, каде инвеститор е АД за стопанисување со станбен и деловен простор.
Градбата на зградата се очекува да трае 20 месеци, ќе опфаќа 65 станови и 11 деловни простории со 100 паркинг места, цената ќе биде за 30-40 % поефтина од таа што е на пазарот во мемонтот.
„Изградбата на оваа зграда е од големо значење и ќе се вклопи во градежната офанзива со која е опфатена Битола, сакам да го искористам моментот и да се заблагодарам на Министерството за транспорт и врски и Министерот Николоски за огромната поддршка која ја дава на општина Битола, имено од аплицираните 16 проекти од програмата за поддршка на Владата, 13 договори се веќе потпишани со министерството за транспорт и врски за инфраструктурни проекти.
465559252 593266366551658 7193906569472125040 n
Како што знаете проектот преку Светска Банка во населба „Недопирливи“ е веќе завршен, во моментот се работи на ул. „Бурса“ инаку значајна обиколница за градот и стопанството, исто така влезот во градот односно ул. „8 септември“, проекти кои долго се бараа од граѓаните и стопанството, истакна градоначалникот Коњановски во својата изјава.
Министерот Николоски истакна – “Во следната година сериозно ќе го развиваме Проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи доста пристапни цени за младите да можат да изградат или да купат куќа, а ќе продолжиме со вакви проекти и во делот на станбената политика. Она што исто така можам со задоволство да го кажам е до крајот на 2024 година и само преку министертсвото за транспорт и врски се инвестирани вкупно 10.000 000 евра што досега не случило во градот. Можам кратко да набројам неколку проекти кои ги работиме како што кажа Градоначалникот завршена е реконструкција на 7 улици во населбата “Недопирливи” во вредност околу 500.000 евра а во моментов се работи на ул. Индустриска во вредност со некаде 700.000 евра вкупна должина на двата потези е 4.5 километри. Исто така денеска треба да се избере изведувач кој што ќе работи Реконструкција на водоводна мрежа и канализациона мрежа на слените 4 улици : “11-ти Март”, “Панде Николов”, “Козара” и “Чеде Филиповски – Даме” од некаде во вредност од 200.000 евра а со Одлука на Влада, Mинистрството за транспорт и врски на Општина Битола му додели 2.700 000 евра само за до крајот на оваа година, а од другата година ќе имаме помножено по два од оваа вредност, исто така во моментов се работи на влезот на Битола во вредност некаде околу 2.000 000 евра. Оваа комерцијлана зграда ќе биде околу 3.500 000 евра кога ќе соберете се има во моменот економска активност од околку 10.000 000 евра стимулирана преку Министертсво за транспорт и врски.
 
Целокупната економија во градот отварање дирекни и индирекни работни места значи иднина за економијата во градот Битола и тие кои ја гледаат иднината во Битола. Најавувам дека ќе продолжиме да инвестираме во иднина тука се и големите стратешки проекти до Нова Година ја пуштаме и првата делница Градско – Дреново од екпресниот пат , од март месец ќе оди Дреново – Фариш, а како што највивме минатата недела автопат Прилеп – Битола и секако започнуваме на работиме на завршување на проектот на обиколница Битола и изградба на експресен пат до граничниот премин Меџитлија.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани