АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата кај новиот маркет „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“, која се изведува согласно склучениот договор за “Изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа на улица кај Дулие - Општина Битола”.
Претходно поради новата улица се направени измени и во самиот кружен тек, а се работи и на тротоарите околу кружниот тек, а согласно одобрението сообраќаен проект за траен режим за улицата “ 8 ми септември”.
Изведувач на градежните работи е фирмата Стентон Градба, а вредноста е во висина од 18.897.776 денари.