2win800x200

„Комуналец“ Битола распределува над 1200 садови за отпад за индивидуални домаќинства и 59 садови за отпад во колективни згради

Ноември 07, 2024
Општина Битола и ЈП Комуналец Битола започнуваат со активности за подобро постапување со отпадот во градот, што ќе вклучува поставување соодветни садови за собирање, селекција на отпад од пластика, нови контејнери за селекција на отпад и воведување селекција на отпад од хартија.
Садовите за отпад се донација од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Можно е да е слика од 4 луѓе
Повеќе од 1200 садови за отпад за индивидуални домаќинства и 59 садови за отпад во колективни згради во наредниот период ке бидат поставени на повеќе локации во градот.
Ваквите активности ќе овозможат да се подигне свеста на граѓаните за потребата од селекција на отпадот и да се намалат негативните влијанија врз животната средина. Исто така, пластиката и хартијата се видови отпад кои може да се рециклираат и повторно да се користат за истата намена, па затоа е неопходно да овозможиме услови за негова селекција во што поголеми количини.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани