АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потпиша договор со сопственикот и менаџерот на компанијата „Бреинчајлд“, Ралф Хенинг Гросел, за новата германско-холандска инвестиција, која работи на производство на висококвалитетна опрема за спортови на вода и ветер.
Тие на заедничка прес-конференција во Владата ја презентираа работата на компанијата и нејзините инвестициски планови.
Компанијата е лоцирана во Битола и околината, а ќе овозможи отворање на околу 250 нови работни места.
Како што најави премиерот, се работи за два одделни инвестициски проекти на компанијата, односно брендот „Бреинчајд“ во земјава има формирано две компании, како „Бреинчајд продукција“ и „Брејнчајд производство“.
„‘Бреинчајлд продукција‘ е компанија што се занимава со истражување и развој на нови производи, преку користење на уникатни репроматеријали, со цел да се добие специфичен материјал потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола во постоечки објект од 1 500 квадратни метри. Инвестицискиот план предвидува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување, развој и набавка на нова современа опрема и машини. Предвидено е компанијата да инвестира најмалку два и пол милиони евра во период од пет години. Предвидени се околу 40-ина висококвалификувани нови работни места“, реч Мицкоски.
За втората компанија, „Бреинчајд производство“ рече дека се занимава со сериско производство на опремата и елементите. За таа намена, ќе се изгради целосно нов објект од 3 000 квадратни метри во индустриската зона „Жабени“ кај Битола, а ќе можат да се вработат околу 200 лица.
„Предвидено е почетокот на градбата да биде 2025 година, а во текот на следните пет години да се заокружи инвестицискиот циклус за околу осум и пол милиони евра или вкупно 11 милиони евра. И покрај изградбата на новиот објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува посточеката лабораторија за развој на нови производи и за создавање на одржливи материјали“,рече премиерот