2win800x200

Драгана Кирковска е нов директор на Ресурсниот центар „Кочо Рацин“ Битола

Ноември 12, 2024
 
На раководна функција на Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ - Битола како вд директор е назначена  Драгана Кирковска, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и стручно лице од редот на вработените во институцијата.
 
Кирковска доаѓа во период кога вработените неколку месеци наназад се жалеа на раководењето на доскорешната директорка Валентина Стојковска и на доцнењето на платата, па во еден момент излегоа и на мирен протест во кругот на училиштето со цел да го искажат незадоволството од раководството. 
 
Кирковска своето четиригодишно средно образование го стекнува во општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, а своето високо образование го завршува во 2011 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје на Институтот за специјална едукација и рехабилитација.
Подоцна ги продолжува своите магистерски студии на насоката за оштетување на слухот.
Работното искуство во Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“  го започнува во 2012 година како специјален едукатор и рехабилитатор на воспитна група во дневниот престој каде престојуваа ученици со посебни потреби.
По неколку години станува лиценциран Неурофидбек терапевт и својата работа ја продолжува во кабинетот за индивидуални третмани со Неурофидбек терапија, се до денес.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани