2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Струен удар на 110 киловолтен далновод , производството на електрична енергија во РЕК Битола продолжува непречено

Септември 21, 2018

Денес, во 12:13 часот заради струен удар на 110 киловолтен далновод, без напојување со електрична енергија останаа дел од постројките во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, меѓу кои и електростатскиот филтер на Блок 2. За среќа, производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола продолжи непречено, но за жал, во период пократок од еден час, електростатскиот филтер на Блок 2 беше надвор од функција. Неговата работа беше нормализирана за кратко време, а производството на електрична енергија во РЕК Битола продолжува непречено, според предвидената динамика и потребите на македонскиот електроенергетски систем.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани