2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Вечерва промоција на книгата „Битолска партизанска меморија“ од Евгениј Литовски

Октомври 11, 2018

По повод 11 Октомври, вечерва со почеток во 18,30 во „Магаза“  во Битола, , во организација на Сојузот на борците ќе биде промовирана книгата „Битолска партизанска меморија“ од авторот Евгениј Литовски.

Станува збор за кратка брошура, во која се опфатени народните херои, паднатите и преживеаните првоборци и партизани, каде се изнесуваат кратки биографски податоци за нивниот живот, како и за учесвото во национално-ослободителното дело. Вторито дел се однесува на партизанските одреди, бригади и баталјони, кои се формирале во Битола и Битолско, и кои со својата активност на теренот придонеле за ослободување на целиот регион.

-Во период кога се уништуваат споменици и спомен-бисти на луѓето врз чија антифашистичка борба лежат темелите на оваа наша македонска држава, потребно е да се присетиме на нив и на нивните херојски дела. Тоа се борците и партизаните кои го положиле својот живот за националноослободителната и антиокупаторска борба. Затоа, денес, сеќавањето на овие личности, веројтано е потребно повеќе од било кога, наведува авторот Евгениј Литовски во предговорот, образложувајќи ја целата на оваа кратка брошура која се издава по повод 11 октомври, Денот на почетокот на вооружената борба против германско-бугарскиот окупатор.

Промотор на книгата „Битолска партизанска меморија“ е д-р Роберто Трајковски, а на промоцијата, пред присутните,  ќе се обрати и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани