АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола деновиве е домаќи на VII FUTURA Регионален Moot Court натпревар за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права во организација на CIVIL RIGHTS DEFENDERS. На натпреварот учество зедоа осум екипи од Правните факултети од регионот (Битола, Штип, Крагујевац, Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла и Витез).
Студентите од Правниот факултет, УКЛО – Битола и тоа апликантите : Невена Димовска, Мерита Шахин и Мартин Трајковски; респондент: Наталија Василевска, Никола Ристевски и Ивана Марковска, работат под менторство на доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.
Натпреварите се одржуваат во просториите на Основниот суд – Битола.
„Ваквите moot court натпревари се добра можност студентите да се запознаат со Европската конвенција за заштита на човековите права и нејзините протоколи, механизмот за нивна заштита, како и начинот на работата на Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Покрај тоа, истите имаат можност да се јават во улога на апликант или респондент, и преку усно излагање да ги изложат и бранат правните аргументи кои им одат во прилог“, велат од Правниот факултет во Битола.