2win800x200

Безбедносните и политички решенија треба да се долгорочни и одржливи

Октомври 19, 2018

Во 21 век, во време на сериозни интеграции не можеме да одиме напред  доколу не се интегрираме, беше речено на меѓународната научна конференција „БЕЗБЕДНОСНИ, ПОЛИТИЧКИ И ПРАВНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ“, што од вечерва во наредните два дена ќе се одржува во Битола. Во организација на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултет за безбедност - Скопје, Правeн факултет – Кичево и Фондација „Ханс Зајдел“. Конференцијата има цел да обезбеди академски форум каде ќе се презентираат и дискутираат најновите сознанија во врска со темата на интерес, ќе се споделат идеи, како и да се разгледаат можностите за воспоставување на соработка и контакти, во насока на соодветна реакција на современите ризици.

-Успеавме да собереме научни работници од областа на безбедноста, политиката и правото од десет земји во регионот, но и од Европската унија. Во 21 век, во време на сериозни интеграции не можеме да одиме напред доколу не се интегрираме меѓу себе внатре и не се запознаме подобро и не ги размениме нашите искуства од тоа што некој пред нас го направил. Очекувам заклучоците што ќе бидат извлечени од оваа конференција да значат многу, сега во ова критично време и за Република Македонија, но и за регионот, рече професор д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот  за безбедност –Скопје.

На Конференцијата ќе се третираат актуелни и современи прашања кои се потврдени и со самата тема на настанот.  received 760413897634530

-Насловот на самата конференција е специфициран  со цел да ги извлече главните поенти од современите случувања во светот во делот на општествените науки со цел да дојдеме до еден супстрат кој нас ќе ни укаже која е состојбата во којашто се наоѓа светот денес, кои се предизвиците со кои тој се соочува и кои се перспективите кои што се отвораат со таквите консталации на односи, рече професор д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет-Кичево.

Од Универзитетот велат дека на Конференцијата ќе се понудат одржливи и долгорочни решенија.

-Универзитетот сака да влезе во предизвикот за еден од најсложените проблеми што го оптоваруваат не само нашето  секојденевие туку и глобалното живеење. Кога зборуваме за светот како глобално село се соочуваме  со предизвици кои се повеќе или помалку слични, но одговорите на таквите предизвици и решенија се различни. Универзитетот  сака да ја постави призмата на науката како алатка преку која треба сите овие безбедносни политички и правни проблеми да добијат своја правна насока на резрешување и да немаме рзногласие во однос на  глобалните цели. Ние денес работиме, но не се надеваме на ад хок брзи решенија, решенијата треба да се одржливи и долгорочни, рече ректорот на битолскиот Универзитет  „Св. Климент Охридски“,професор д-р Сашо Коруновски.received 497163107428537received 2412492712099542

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани