2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советот ја задолжи градоначалничката да побара итно сервисирање на мерната станица Битола 2

Октомври 24, 2018

Советот на Општина Битола со одлука ја задолжи градоначалничката Петровска да побара од Министерството за животна средина во најбрз можен рок оспособување на мерната станица Битола 2. Предлогот беше на советничката Габриела Илиевска од Поинаку, а советниците едногласно го прифатија.

 

„Барам како Совет да го задолжиме градоначалникот да побара сервисирање и ставање во функција на мерната станица Битола 2. Ние како советници од Поинаку веќе доставивме такво барање пред околу 3 недели и се уште немаме добиено одговор. Друга е тежината доколу се побара како Совет и градоначалник кои ги претстауваат граѓаните на општина Битола. Едноглсно сметам дека мора да побараме во најмала рака да се поправи мерната страница“, рече Илиевска.

Таа напомена дека во месец август немало ни еден зелен ден иако температурата била 35 степени и никој не греел, во септмеври само пет денови, а во октомври четири до сега.

На интернет страницата на Министерството за животна средина за мерната станица Битола 2 има измерени параметри само за сулфур диоксид, а не и за другите загадувачки супстанци меѓу кои и ПМ 10 честичките. Оваа мерна страница е во центраот на Битола и го мери загадувањето во централното градско јадро.

Мерната станица Битола 1 е во периферијата на градот ги мери сите параметри, а надминување има кај ПМ 10 честичките.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани