АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Штама пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Под клуч е вечерва седиштето на партијата на Никола Груевски во строгиот центар на Битола. Колегите кои се терен велат дека „нема жива душа во комитетот“ ,
светло има само во ходникот од влезот, и единствено светлечкото пано потсетува дека таму е сместена партијата на кандидатот за градоначалник Зоран Илиоски. Предходно на новинарите кои чекале изјава, од таму им било кажано дека ниту портпаролот на изборниот штаб, ниту кандидатот за градоначалник, нема да одржат прес-конференции и ги насочиле медиумите официјалните податоци да ги преземат од партиската централа во Скопје.