2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ракометарите на „Еурофарм Работник“ се регистрираа во системот на Е-персонален данок на УЈП

Октомври 30, 2018

Управата за јавни приходи од денеска во Регионалната дирекција во Битола ја  започна кампања со која ќе ги анимира граѓаните да ја исполнат  својата законска обврска електронски да се регистрираат во системот е-персонален данок на доход  во УЈП, најдоцна до 31 декември годинава.

Се што треба да имаат за електронската регистрација е валидна меил адреса, по што следната година ќе немаат обврска да поднесат Годишна даночна пријава, туку сите пресметки за претходната година ќе ги изработува УЈП. Потоа УЈП  во мај 2019  даночната пријава  ќе ја испрати електронски до граѓаните. Тие ќе треба да ја потврдат точноста на податоците или да ги корегираат и повторно електронски да ја вратат Годишната даночна пријава во УЈП.

-Денекса во Регионалната единица во Битола го промовираме новиот многу значаен проект е-персонален данок од доход , кој претставува сериозна новина и реформа во рамките на севкупното работење на УЈП. Во тој контекст мислам дека суштината на целиот овој проект е во тоа што им се олеснува на граѓаните,  така што наместо да доаѓаат и лично да ги доставуваат обрасците за оставрен приход за претходната година во УЈП, сега им овозможувме  преку електронкса форма, со регистрација во e-pdd.ujp.gov.mk  да ја оставрат таа своја обврска, рече Фарух Имери, помошник на генереалниот директор на УЈП.

Обврска за регистрација во системот имаат сите физички лица кои оствариле приходи по кој било основ – плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, добивка од игри на среќа, од странство, пензија и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход. Денес при почетокот на кампањата во Битола, се регистрираа ракометарите на „Еурофарм Работник“, остварувајќи ја оваа законска обврска

-Ракометниот клуб „Еурофарм Работник“  денес  се регистрираше во УЈП, со што ја остваривме оваа законска обврска. Сметам дека сите граѓани треба да го поддржиме овој современ начин, кој е многу лесен и ефикасен. Апелираме сите оние кои не се регистрирале да си ја завршат својата граѓанска должност, рече Гоце Ојлевски, ракометар во РК „Еурофарм Работник“.

eurofarm rabotnik kampanja2

Од УЈП велат дека им стојат на располагање на граѓните  од секој аспек, формирани се и мобилни екипи, а сите вработени се ставени во функција а имплементација на овој проект. Од таму потврдија дека се уште се разгледува можноста, пезинерите, кои не оставриле дополнителни приходи освен пенизјата, да бидат ослободени од обврската за електронско регистрирање во системот на УЈП. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани