2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчанка која живее во Шведска донираше ХТЗ чизми за вработените во ЈП „Нискоградба“

Октомври 31, 2018

Триесет и два пара ХТЗ чизми со висок квалитет донираше невладината организација од Шведска „Од рака на рака“ за вработените од ЈП „Нискоградба“. Познатата хуманитрака, битолчана која живее во Шведска, Марија Росенгрен, оваа донација ја ветила минатата година , кога вработнеите од ова јавно претпријатие помагале на НВО „Од рака на рака“ при реализација на други хуманитарни активности.

„Оваа донација ја изведуваме затоа што во 2017 година имавме потреба од помош во проектите кои што ги изведувавме во Заводот за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ и наидовме на голем проблем, а вработените во „Нискоградба“ многу ни помогнаа. Тогаш јас ветив дека ќе се потрудам да најдам соодветни чевли кои ќе одговараат за нивната работа. Денес со гордост сакам да им ги предадеме чизмите на вработените, чизмите се специфични, од Шведска, со највисок квалитет и се наменски за овој тип на работа. Му се заблагодаруваме на сите работници и на директорот од „Нискоградба“ за помошта, како и за поддршката од Општина Битола која ја добиваме, за да можеме да ги реализираме проектите и да одиме понатаму со нашата работа“, истакна Марија Росенгрен.

donacija cizmi2

Директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Сијлановски изрази голема благодарност до оваа невладина организација.

donacija cizmi3

„Голема благодарност до Томас и Марија, кои денес ни донираа ХТЗ чизми за работниците. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму и во други области кои се важни за КЈП „Нискоградба“. Ние вршиме редовна набавка на ХТЗ чизми за работниците и за останатите вработени, но со оваа донација ќе се направи одредена заштеда во нашето претпријатие и тие средства ќе ги пренамениме за други основни потреби за работниците и за нивната заштита при изведба на градежните работи на терен“, рече директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски.

donacija cizmi4

Марија и незјиниот сопруг Томас Росенгрен, преку невладината органзиација „Од рака на рака“ имаат релаизрано голем број донации во Битола, во училишта и други установи, но и пошироко низ цела Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани