
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини, изветува ЈП Стрежево Битола.
-Во тек е полнењето на цевководната мрежа и подготовката на системот за непречено и навремено снабдување со вода.
Ги повикуваме граѓаните кои имаат потреба од наводнување навремено да ги пријават површините што ќе ги користат и да склучат договори за наводнување, со цел ефикасно планирање и организирање на распределбата на водата.
Навременото пријавување и склучување на договорите ќе придонесат за подобра координација на системот и поквалитетна услуга за сите корисници.
Ви посакуваме успешна, плодна и родна земјоделска сезона, соопштија од ЈП "Стрежево" - Битола.
