2win800x200

Стрежево ќе гради фотоволтаична централа, се чека одобрение на проектот

Февруари 15, 2022

 

Денес, директорот на Агенцијата за енергетика,  Дарио Николовски, оствари работна посета на Јавното претпријатие "Стрежево" и се сртна  со директорот на претпријатието Методија Граматковски.
 
Се дискутираше околу поттикнувањето на користење на енергија од обновливи извори, преку соодветни и ефикасни мерки, како и искористувањето на енергетскиот потенцијал, заради обезбедување на поголема сигурност во снабдувањето со енергија.
 
 strezevo4
Подетално се направи анализа околу степенот на искористувањето за производство на електрична енергија од 5 - те хидроцентрали, со кои стопанисува Хидросистемот "Стрежево".
 
 strezevo3
Најголем акцент на средбата се стави околу изградбата на фотоволтаичната централа со снага до 1MW, која треба да се изгради на сопствено земјиште на локацијата Брана.
 
За фотоволтаичната централа е изработен проект, а истиот се наоѓа во фаза на одобрување пред надлежните институции.
strezevo2
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани