Екипите на ЈП "Стрежево" продолжуваат со засилени теренски активности, со што Ски- центарот "Нижеполе" престојната зима ќе добие нов, уште подобар лик, велат од јавното претпријатие.
Се вршат сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона.
Се променија двете влечни јажиња на двата ски лифта, се уредува скијалиштето со сопствена механизација, се врши бојадисување на урбаната опрема, се вложува во градежни материјали за подобар визуелен изглед на чајџилницата, и се подобруваат хигиенските и санитарни услови во Ски - центарот.
Целта на сите овие активности е создавање на модерно уреден простор со естетски карактеристики кои ќе придонесат за помасовна посета од страна на граѓаните.
Љубителите на природата ќе можат уште повеќе да уживаат во убавините на планинскиот бисер Нижеполе.
-Стрежево и покрај сите предизвици продолжува да ги негува вредностите каде што грижата за граѓаните е наш основен приоритет во сите сегменти од работењето, велат од ЈП Стрежево