2win800x200

Битолските советници в петок ќе гласаат за ребалансот на буџетот

Јуни 10, 2026

РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ В ПЕТОК ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ

 

Измената и дополнувањето на Буџетот на Општина Битола за 2026 година в петок ќе се најде на 13-та седница на Советот на Општина Битола. Пред советниците ќе се најде и кварталниот извештај за првиот квартал на Буџетот за 2026 година.

 

На оваа седница и повеќе точки за измени и дополнувања на програмите, меѓу кои и таа за економски развој, за одржување на комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици, програмата за јавни дејности, за уредување на градежното земјиште, програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот 2026-2028 година.

 

Советот ќе ги разгледува и завршните сметки и извештаите за финансиското работење на јавните претпријатија за 2025 година.

На дневен ред се и завршните сметки на средните училишта и на двете установи детски градинки.

 

Пред советниците ќе се најде и одлуката за отповикување на дел од одлуката за означување на условите и утврдување режим на сообраќај во централно градско подрачје во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани