2win800x200

Побрзо ќе се избере нов папа од претседател на Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Јуни 10, 2026
седиште на ВМРО ДПМНЕ Битола седиште на ВМРО ДПМНЕ Битола

Иако се очекуваше дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе се одлучи дали да го остави или да го постави нов партиски лидер во Битола, тоа не се случи. На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети, но Битола и Новаци останаа без новости.

Битолските членови на ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека изборот за Битола ќе биде кадар кој за цело време работел конструктивно за партијата и во време на позиција и во време на опозиција, а не да се постави анонимус кој се затскривал кога партијата  била во опозиција. 

Официјално ВМРО-ДПМНЕ објави - Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ! 

 

Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети.

ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво.

Во прилог, новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЕ4

1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски

2. Демир Капија – Андон Дрнев

3. Неготино – Павлинче Честојнова

4. Кавадарци – Тони Нешковски

5. Гевгелија – Димитар Вегов

6. Валандово – Јулија Тушевска

7. Богданци – Марјан Пеев

8. Дојран – Илија Тентов

9. Струмица – Методија Пасков

10. Босилово – Мито Андонов

11. Ново Село – Петар Марков

12. Василево – Славе Андонов

13. Конче – Ацо Митев

14. Радовиш – Бојан Митевски

15. Могила – Драганчо Саботковски

16. Кривогаштани – Александар Богданоски

ИЕ5

1. Демир Хисар – Ненад Шундовски

2.  Долнени – Сашко Велјановски

3.  Крушево – Пеце Стојчески

4.  Ресен – Кире Божиновски

5.  Охрид – Сашо Донев

6.  Дебарца – Златко Силјановски

7.  Струга – Ален Деребан

8.  Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски

9.  Дебар – Афет Амедоски

10. Центар Жупа – Денис Хасан

11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери

12. Пласница – Луме Адемоглу

13. Боговиње – Алишериф Синани

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани