2win800x200

Елени лопатари - нови жители во Зоолошката градина во Битола

Јуни 20, 2026

Нови жители во Зоолошката градина во Битола! FB IMG 1781943438538  "Денес им посакуваме добредојде на нашите најнови жители. Живеалиштето на нашето семејство елени лопатари сега е порадосно за прекрасни малечки еленчиња.

Големиот татко елен, препознатлив по своите впечатливи рогови гордо ги покажува своите малечки на нашите вработени и посетители.

Грижливата мајка кошута, нежно и внимателно го следи секој чекор на своите младенчиња.

А бебенцата еленчиња, уште сега знаат само за игра и радост на се што ги опкружува и со љубопитност го истражуваат светот околу себе. 

Заедно тие ни покажуваат колку се важни семејната поврзаност, заштитата и грижата во животинскиот свет. 

Дојдете во ЗОО Битола и откријте ја нивната нова приказна исполнета со нежност и хармонија", објавија од Зоолошката градина во Битола. FB IMG 1781943444312

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани