АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Новаци на јавна расправа одлучуваше за намерата на локалната самоуправа долгорочно да се задолжи во Вториот проект за подобрување на општинските услуги финансирана со заем од Меѓународната банка за обнова и рaзвој – Светска Банка за набавка на градежна механизација (скип со придружна механизација, камион-кипер и камион цистерна).Вкупниот износ на потребните средства изнесува 250 000 до 300 000 евра.
Јавната расправа се одржа во општинската сала на која присуствуваа преставници од локалната самоуправа, месните заедници, невладини организации и градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузмановски. Претставниците од месните заедници едногласно го прифатија ваквиот предлог и дадоа подршка за набавка на градежната механизација.
Градоначалникот истакна дека со набавката на градежната механизација, повеќе нема да се објавува тендер за зимско одржување на локални патишта и улици,тендер за чистење на дивите депонии,тендер за ангажирање на дел од градежна механизација, исто така оваа механизација ќе се користи за носење на градежни материјали по селата за потребите на месните заедници, ќе се врши ископ на каналчиња и правење на собирници за напојување на стоката, а ќе се вршат и други градежни активности за потребите на месните заедници.
Инаку општината средствата ги добива како долгорочно препозајмување во македонски денари по пат на склучување на договор за под-заем со Министерство за финансии под следните услови:1.рок на отплата до 13 години со вклучен грејс период до 3 години, 2.каматна стапка која е еднаква на каматата што ја плаќа Република Македонија кон Светска банка.