2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Продолжува санацијата на патот Битола-Бистрица

Ноември 13, 2018

Благодарение на поволните временски услови, продолжува санацијата на патот  од Битола кон село Бистрица, а деновиве  „Македонија пат“ како изведувач, работи на инфраструктурни зафати во должина од 4 километри. Активностите  започнаа во април со асфалтирање на патот од излезот на Битола кон селото Бистрица, а долколку дозволат времеснките услови, асфалтирањето ќе продолжи до село Драгош. Исто така, од страна на екипите на „Македонија пат“ се санираат и неколку улици во селото Бистрица.

-Блaгодарение на лобирањето кон централната власт, меѓутоа и дослухот на истата, се наоѓаме на потегот Битола-Бистрица, каде што се изведуваат активности за санирање на патот, нешто што не се правело во изминатите 30 години и што потврдува дека како што ја започнавме, така и ја завршуваме годината. Во моментов активностите се изведуваат во опфатот од под селото Буково до крајот на селото Бистрица. Како ќе дозволат временските услови, ќе се работи и на потегот кон селото Драгош. Доколку не се стигне со реализација и до Драгош во оваа градежна сезона, истата ќе бизе завршена во пролетните месеци од наредната градежна сезона, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Овој патен правец кој  поврзува повеќе погранични битолски села беше во исклучително лоша состојба, а сега санацијата се изведува со средства што се обезбедени од ЈП за државни патишта во висина од 13 милиони денари.

ulica Bistrica 17

ulica Bistrica 02

ulica Bistrica 04 1

ulica Bistrica 03

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани