9 милиони денари за реконструкција на руинираниот објект „Парк“ додели Министерството за култура на Општина Битола

Јануари 30, 2024

Со 9 милини денари Министерството за култура ќе ја поддржи Општина Битола за реконструкција на руинираниот објект Парк кој е дел од амбиенталната целина на Офицерскиот дом. Од Култура за апла.мк потврдија дека овие средства се доделени за неколку ставки од овој проект, за кој аплицираше минатата недела Општина Битола. Овие 9 милиони евра треба да се искористата до крајот на годинат. Станува збор за Програмата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година, со која Министерството за култура ги поддржува капиталните проекти од областа на културата во единаесет општини, информација која беше усвоена денеска на првата седница на преодната Влада

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека оваа година е обезбеден поголем буџет, 50 милиони денари, со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.

„Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестирање во културата која ќе ги поттикнува младите на креативност и творештво. Преку подобрување на условите за реализација на проекти од културата, помагаме за афирмација на културните вредности на секоја општина, со акцент за создавање интегриран простор за младите и поврзаност низ целата држава“.

На објавениот Оглас за распределба на капиталните дотации во областа на културата за 2024 година, посебно формирана комисија ги разгледа пристигнатите проекти и врз основа на критериумите, процедурите и роковите, од вкупно 15 пристигнати проекти од 13 општини, средства беа доделени за 11 проекти. Оваа години ќе бидат поддржани општините: Битола, Крушево, Кривогаштани, Велес, Чашка, Дојран, Демир Капија, Богданци, Маврово и Ростуше, Делчево и Чучер Сандево.

Планирањето, обезбедувањето и реализацијата на финансиските средства за капитални дотации во областа на културата за единиците на локалната самоуправа, Министерството за култура ги спроведува во согласност со програмските и стратегиските определби на Владата во насока на поттикнување и спроведување рамномерен регионален културен развој.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани