АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката Наташа Петровска денеска ги прими ракометарките од ЖРК „Пелистер“ кои со победата над тимот „Ле Сал“ од Малта, и во гости и на домашен терен, се пласираше во осминафиналето на Еврпскиот Челинџ куп, со што остварија историски успех за женскиот ракомет во Битола.
Ракометарките и претседателот и основач на клубот, Јован Василев, пред градоначалничката Петровска, претседателот на Советот, Валентин Груевски и советникот Методија Илиевски, кој е и ракометен судија, ги презентираа предизвиците со кои се соочија за време на натпреварите.
„Петровска посочи дека општината секогаш ќе ги вреднува вистинските спортски успеси. Општина Битола во текот на оваа година, го помогна работењето на ЖРК „Пелистер 2012“ со 700.000 денари, средства од буџетот на општината, а за патувањето во Малта, општината успеа да обезбеди дополнителни 100.000 денари, средства кои покрија дел од трошоците на ракометарките за престојот и натпреварот во оваа земја“, се наведува во соопштението од Општина Битола.
Следниот напревар од осминафиналето во Челинџ купот, ракометарките на битолски „Пелистер“, ќе го играат во Ниш, Србија, против екипата на ракометниот клуб „Наиса“.