2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Почина драматургот Горан Стефановски, авторот на „Бушавата азбука“, „Диво месо“, „Црна дупка“

Ноември 27, 2018

По кусо боледување во Кентербери, Англија, на 66 годишна возраст почина Горан Стефановски, еден од најреномираните македонски драмски писатели. Тој беше автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“. Неговиот потпис стои и на познатата ТВ-серија за опсименување на децата „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат.

 

Стефановски роден во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец е на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград.  Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1979, а од 2004 е и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).  Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

Најдобрите цитати од драмите на Горан Стефановски 

https://nekojnekogasnekade.wordpress.com/2016/02/13/%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8-%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D1%81%D1%82/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани