Истражување на НВО: Граѓаните не чувствуваат ефекти од мерките и програмите на Агенцијата за вработување

Ноември 28, 2018

Граѓаните немаат доверба во Агенцијата за вработување, не веруваат дека активните  мерки и програми за вработување  можат да им помогнат при вработување, ниту пак дека се доволно ефикасни. Ова го покажува  истражувањето во рамките на иницијативата „Активни заедници за социјалани промени“ , во која е вклучен  и Младинскиот културен центар од Битола, како и неколку други невладини организации од Македонија. Активностите на терен се одвиваат  во општини-Битола,Тетово, Струмица и Свети Николе, како и градот Скопје. МКЦ користејќи ја методологијата,  работеше со граѓаните од улицата „Даме Груев“ во Битола.

-Во тој процес мапиравме 295 домаќинства во кои што има 211 невработени од кои 101 жена и 110 мажи. Потоа направивме 201 интервју. Голем дел од гfраѓаните не се евидентирани во Агенцијата за вработување , но треба да се има предвид дека голем дел од нив се млади луѓе кои што се се уште во образовен процес. Граѓаните немаат проблем во процесот на регистрација , но сметаат дека период меѓу две регистрирања е многу краток, имаат недоверба кон институцијата,  бидејќи претходно Агенцијата за вработување не им нашла работа и не веруваат дека дополнително ќе им најде работа. Програмата за самовработување и услугите за вработување не се искористени ниту едно од лицата со кои ние правевме интервју, рече Маја Ангеловска, од МКЦ Битола

Состојбата е идентична и на национално ниво, односно во градовите каде што се спроведува проектот.

-Како генерален проблем што произлезе од целокупната анализа е дека оние невработени кои што не се регистрираат во Агенцијата, не веруваат дека Агенцијата ќе има најде работа, не веруваат дека сите мерки вистински придонесуваат за нивно вработување, а оние кои што се регистрирани, речиси една четвртина се соочила со некаков проблем при регистрација. Кај оние пак што користеле некаква мерка за вработување, мало е задоволството од овие програми, а овие граѓани смеатаат дека многу е мала корисноста на овие мерки и програми, рече Дарко Антиќ, програмски координатор од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените од Скопје

После едногодишни активности, упатени се препораки до Агенцијата за вработување за унапредување на постоечките политики и приближување на мерките и програмите до граѓаните.

-Дел од препораките што ги упатуваме до институциите се дека вработените во Агенцијата за вработување треба да излезат на терен , треба да бидат непосредни и срдечни за да ја врата довербата во институцијата , да се поврзат со институцијата како би биле легитимни при користењето на услугите кои им се на располагање од активните мерки за вработување. Треба да се обрне внимание на повозрасните невработени лица, кои потешко наоѓаат работа. Исто така препорачавме со невработените да се работи на развој на индивидуален кариерен план . Агенцијата за вработување да го промени досегашниот начин на информирање на граѓаните, односно она што редовно го објавува на веб страната, да почне да користи и социјални медиуми затоа што, голем дел од невработените ги користат истите и побрзо можат да стигнат до бараните информации, велат од МКЦ

Ваквиот впечаток на анкетираните граѓани е и покрај големиот број на мерки и програми за вработување што ги промовираше Агенцијата за вработување во изминатиот период, за кои од државниот буџет само за програмата „Македонија вработува“ која траеше од 2016 до 2017 година, а се потрошени 1,4 милијарди денари, а програмата за самовработување која се се одвива од 2007 година, само во последните неколку години чинеше 998 милиони денари.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ кој Здружението ЕСЕ во партнерство со Акција Здруженска и четири локални граѓански организации (Организација на жени на Струмица, Младински културен центар од Битола, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе, Женски форум од Тетово) го спроведуваат во период од три години со финансиска поддршка од Европската Унија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани