Webp.net gifmaker

Утре уверенија за новата градоначалничка и советниците

Октомври 19, 2017

Утре во 10 часот во салата на Советот на Општина Битола свечено ќе им бидат доделени уверенијата на избраните советници и градоначалниката на Општината, Наташа Петровска. 

 

Таа како кандидат на СДСМ и коалиционите партнери успеа да издвојува победа над противкандидатот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на локалните избори. СДСМ и коалицијата во новиот советнички состав ќе биде застапена со 17 советници, ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери со 11, независната листа „Поинаку“ со два советника и ДУИ со колицијата со еден советник.                 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани