АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрално го пренесуваме повикот на градоначалникот на Битола:
„Вчера, на одржаната координација со координаторите на советничките групи во Советот, беше закажана седница на Советот на 23 август, но претседателката на Советот одби да закаже седница на која ќе го постави ребалансот на буџетот како точка на дневен ред.
По враќањето на буџетот од страна на Министерството за финансии, за кое исто така претходно предупредив, направен и доработен е новиот ребеланс на буџетот, кој го понудив до Советот.
На прес конференцијата, која што ја одржав на 11 август, веќе посочив дека
од моја страна испочитуван е законскиот рок за советниците да имаат можност да го разгледаат предлог ребалансот, да дадат свои предлози или сугестии, со цел на крај да биде усвоен законски ребаланс кој одговара на реалните состојби, можности и потребите на битолчани.
Исто така,, во овој предлог ребаланс на буџетот, се обидовме да ги вклопиме најголемиот број од предлог амандманите, дадени на последната седница, но структурирани во соодветна форма, која е во согласност со законот и нема да го попречи вчитувањето од страна на Министерството за финансии.
Предлог ребалансот на буџетот, ја задржува основната форма на претходниот предлог и истиот е надополнет и со други капитални проекти, за кои имаме изготвена проектна документација и се дел од развојната програма и Програмата за уредување на градежно земјиште, додека за дел од проектите преку Програмата за економски развој се планира изработка или доизработка на проектна документација. Предвидените проекти, застапено со новиот ребаланс, во повеќе наврати, на терен и на прес конференции ги изнесов во јавноста.
Затоа, претседателката на Советот и советниците, уште еднаш ќе ги потсетам на законските прописи:
По донесувањето на буџетот од страна на советот на општината, заедно со придружната документација, тој се проследува до Секторот за буџети во Министерството за финансии. Во овој сектор во Министерството за финансии се проверува дали буџетот на општината е изработен согласно претходно доставените насоки, дали ги задоволува формалните (основниот, посебниот дел, развојните програми итн.) и легалните барања, а исто така се прегледува и Одлуката за извршувања која е составен дел на буџетската документација. Доколку сè е во ред со донесениот буџет и со придружната документација, тој се одобрува од Секторот за буџет и се проследува во секторот Трезор во Министерството за финансии – односно општината преку електронската платформа (Е-обврски) со која е директно поврзана со секторот Трезор, електронски го вчитува општинскиот буџет. Со тоа формалната и техничка постапка на донесување на буџетот е завршена.
Напоменувам дека, доколку се работи за посериозен пропуст или непочитување на легислативата и процедурите, буџетот се враќа во општината и треба повторно да ги помине сите претходно наведени чекори на подготовка и верификација, по што коригираната верзија повторно треба да биде доставена/разгледана/усвоена од Советот на општината и повторно доставена до Министерството за финансии.
Поради.сите овие законски одредби, повторно повикувам на разумност и поставување на буџетот како точка на дневен ред, со цел да не се запрат започнатите процеси, градежни активности и планирани проекти, затоа што битолчани не го заслужуваат тоа.
Драго ми е што и опозицијата се залага за донесување на ребалансот на буџетот и што ја препознава важноста од неговото усвојување. Затоа и се направени измените во ребалансот, со цел да се усогласат со барањата на советниците, без при тоа некој со некого да си игра мајтап.
Оттука, со цела своја одговорност како градоначалник, јавно ги повикувам координаторите на советничките групи, на координативен состанок, кој ќе се одржи во вторник, 22 авхуст, во мојот кабинет, со почеток во 16.00 часот, ден пред одржувањето на седницата на Советот. По службена должност, координаторите ќе добијат и соодветна покана.
Разумот мора да победи во интес на градот и нашите сограѓани. Заеднички да покажеме доблест и да разговараме за предлог ребалансот на буџетот и доколку има и други предлози, кои се во интерес на нашите граѓани и ќе бидат дадени согласно законскитр одредби, да може да бидат вклопени во новиот предлог ребаланс на буџетот.
Се надевам дека сите заедно ќе покажеме конструктивност и рационалност за Битола и ќе го надминеме политичкото надмудрување. Време е да престанеме да губиме драгоцено време низ лавиринтите на правните процедури на штета на сите нас, на нашите сограѓани и на градот Битола“, рече Коњановски. .