Видео од посипување со пари Транспортерки врз екс градоначалникот Талески

Октомври 20, 2017

На социјалните мрежи објавено е видео од настанот кога пред неколку недели досегашниот градоначалник Владимир Талески беше посипан со пари наречени Транспортерки во свечената сала на општина Битола. Герила акцијата се случи за време на средбата на Талески со доброволци кои се вклучиле во гасењето на огнот на Пелистер.

 

Градоначалникот прво им се заблагодарил на доброволците, а потоа збор зел Иван Чулаковски, активист за чист воздуух, а сегашен советник од независната листа „Поинаку“ кој го искритикувал Талески дека не биле кадарни да го изгаснат пожарот. При тоа на видео клипот се гледа дека Чулаковски му вели „ние не заборавивме што направивте со парите од градот“ и кон него фрли со печатени пари со 360 000 евра.

Талески и негови соработници се обвинето од СЈО за случајот „Транспортер“ за злоупотреби со превозот на ученици во Битола за износ од 360.000 евра.

Минатиот месец Битолското јавно обвинителство отвори нов случај „Транспортер2“ каде Талески повторно се сомничи за злоупотреби на службената положба поради тендери за превоз на ученици во учебната година 2013-2014 и 2015-2016 година по цени повисоки од реалните.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани