АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонија спаѓа во групата на делумно слободни земји и значајно е да се отворат дискусии за слободата, беше истакнато на Регионалната конференција на „Студенти за слобода“која денес се одржа на Техничкиот факултет во Битола. Целта беше промоција на индивидуалните, политичките, економските, студентските, па и медиумските слободи.
-За слободата на Македонија постојат меѓународни мерења според кои, Македонија се наоѓаше во делумно слободни држави во однос на почитувањето на човековите права и слободи, инаку во однос на значањето на слободата сите посткумунистички држави кои произлегоа од поранешена Југославија или од поранешните комунистички држави се наоѓаат во едно премрежје, односно пред предизвик како да ја третираат слободата. Тоа ние го гледаме во една Русија која во последните мерења гласи за неслободна држава, па во Унгарија , членка на ЕУ, кадешто постои значително намалување на слободата, па и во Турција која за многу брзо време падна во категоријата на делумно слободни држави со зајакнувањетио на политичката власт на актуелното раководство во Турција- рече проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет во Битола.
Никола Петровски, координатор на „Студенти за слобода“ во Македонија рече дека ова е прва конференција од ваков вид во земјава , но една од 18 конференции кои се организираат во Европа оваа година.
-Значајна е заради тоа што се отвораат теми кои ретко се зборуваат, теми за слободата опфатена од повеќе аспекти. Зборувавме за политичките аспекти на слободата, слободата на медумите, фриленс новинарството, легализација на канабисот. Во нашето работење најмногу го опфајќаме академска слобода. Доколку има слобода студентот да се изрази во академски дух, тоа ќе придонесе тој да се изгради во личност која ќе ја цени слободата и ќе придонесе за изградба на едно слободно општество- рече Петровски.
На конферемнцијата главен говорник беше извршниот директор и виш истражувач на Страјкер Пирс, Брајан О’Шеа, кој зборуваше на тема „Разоткривање на шпионажата“ и посочи одредени примери како може да се препознае разузнавањето и како да се заштитиме од истото.О’Шеа има повеќе од 20 години искуство во областа на истраги и разузнавање, работејќи како воен разузнавач за две специјални единици и две државни агенции.
На конфернецијата се отвори и темата за медиумските слободи и слободното фриленс новинарство од Бил Вирц, фриленс новинар од Брисел и Љубица А. Манговска, новинарка и програмски менаџер на Тера ТВ.